Новата школа за едрење за возрасни на Јахтинг Клуб „Ohrid Lake Sailing“ е отворена за пријавување!
Јахтинг клубот „Ohrid Lake Sailing“ сега нуди уникатна можност за сите кои сакаат да научат да едрат тука, на нашето Охридско Езеро. Нашата школа за едрење е отворена за сите возрасти и нуди интензивна седумдневна обука во групи од максимум четири кандидати, или по договор со кандидатите 2 викенди!
Обуката е водена од наши лиценцирани инструктори за inland и inshore едрење со меѓународната сертификација на ISSA (International sailing school association). Секој ден, во текот на седумте дена, ќе имате 5-6 часа директно на водата, учејќи сè што ви треба да знаете за управување со едрилица.
Во текот на обуката ќе се научите на многу важни вештини и процедури, вклучувајќи:
- Запознавање со едрилицата и нејзините составни делови
- Check in, check out процедури
- Управување на едрилица со мотор
- Пристанување и испловување од пристаниште
- Теорија на едрење
- Подигање на едра
- Едрење во ветар и промена на правец
- Едрење на бочен и крмен ветар
- Подесување на едра
- Сидрење на бова и сидро на отворено со мотор и со едра
- Маневри во случај на човек во вода
- Метерологија и локални ветрови
- Навигација, сообраќајни правила на вода и безбедност на вода
- Основни врзувања на јазли
По завршување на курсот, кандидатот ќе добие “Inland skipper” сертификат издаден од ISSA. Ова е меѓународно призната дозвола со која може да изнајмувате и управувате јахти до 15м должина во внатрешни води како езера и реки и истотака до 2NM од брег. (Во Македонија призната е само македонската пловидбена дозвола)
Оваа обука ги отвора вратите за учествување во интерни регати на клубот, регати на Охридското Езеро и во странство како и можност за напредна обука за “Inshore skipper” во Грција. Дополнително, сите “Inland skippers” ќе имаат можност за изнајмување на едрилица на Охридското Езеро за лична употреба со попуст од 50% на комерцијалната цена.
Цената на обуката се менува во зависност од бројот на учесници во групата, со максимум од четири лица. За група од четири лица, цената е 250 евра по лице, за три лица е 325 евра, и за две лица е 450 евра. Сите цени вклучуваат практична обука на едреница, причник “Inland skipper”, маица со лого на клубот, како и вода и кафе за време на обуката. Напомена: потребна задолжителна членарина во јахтинг клубот во износ од 1500 денари/годишно.
Во текот на летото, предвидени се следните термини за обука:
- 7 дневна континуирана обука
14 – 20 Јул.05 – 11 Авг.26 Авг. – 01 Септ.16 – 22 Септ.- 23 – 29 Септ. (2 слободни места)
- “Sailing school” викенди:
- 16-17 Септ, 23-24 Септ. и 30 Септ. – 01 Окт.
Овие датуми може да бидат прилагодени според потребите на групата. Во случај да ви одговараат термините, ве молиме да се пријавите што поскоро.
Времето е идеално за едрење, и ние ве очекуваме да се приклучите на нашата едриличарска заедница. Научете нешто ново, исполнете ги вашите авантуристички амбиции и направете уникатни спомени кои ќе ви останат засекогаш.
За повеќе информации за школата и програмата, ве молиме контактирајте нè на бројот 070 249 497. Ве очекуваме во вода! ⛵
Се пријавувам за обука, во термин: 05- 11 август 2023
Одлично, презадоволни сме! Инструкторот е со големо искуство и со трпение ти го премесува знаењето!
Дефинитивно најдобра школа во Македонија но и пошироко. Се добиваат сите потребни знаења и вештини за управување со едрилица/брод преку практично учење. Инструкторот Будимир не само што има огромно знаење знае и да го пренеси,што е најбитна работа. По мое лично гледиште целото едрење се сведува на чиста физика, а кој би пренел подобра физика од дипломиран инженер кој има практично знаење и многу години искуство зад себе. Пред да почнам со школа бев скептик и имав многу сомнежи дека ќе биди само од комерцијален аспект, но изненадувачки тоа не е така. По завршување на школата можите да изнајмите некој од бродовите, а кој би ви дал сопствен брод ако не е сигурен дека ве научил како што треба , и дека сте спремни и на ниво за да безбедно го управувате. Исто така за време на часовите има приателска атмосфера, и слободно можам да кажам дека ова е учење преку забава.Дефинитивно му ја препорачувам школава на секој кој стварно сака да научи и паралелно да се забавува. Не размислувајте за други школи бидејќи според мене нема подобра да најдете.
Golema blagodarnost do ISSA instruktorot Budimir koj ni gi prenese tajnite na edrenjeto I ovaa obuka kako I sto zamisluvav ni otvara eden nov svet na aktivno uzivanje vo edrenjeto.
Very professional, all praise goes to coach Budimir, for the detailed explanation on all sailing aspects. Very good course for beginners, and everybody else that wants to upgrade their skills.
Оваа школа за едрење истовремено претставува квантитативен и квалитативен исчекор во развојот на овој спорт на охридското езеро како една микро локација каде постојат идеални природни услови за овој вид на хоби.
Кандидатите за прв пат во Македонија имаат можност да управуваат со вистински големи јахти и на најблизок можен начин да се припремаат за едрење и во најтешки услови кои по многу работи потсетуваат на морското едрење.
Инструкторите се максимално посветени и спроведуваат интензивен исцрпувачки курс кој за неверојатни само неколку дена успева тотално “зелени” кандидати да ги претвори во полупрофесионалци спремни да настапуваат дури и на регати.
Самиот процес на учење е атрактивен за сите љубители не само на едрењето туку и на летниот туризам генерално бидејќи нуди прекрасен поглед на градот Охрид и околината.
Единствените забелешки одат на сметка на државата Македонија која буквално сто години нема изградено ниту едно алтернативни пристаниште на бреговите на охридското езеро каде би можел лесно да пристане поголем пловен објект како јахта на едра.
Во надеж дека и тоа некогаш ќе се реши дефинитивно ја препорачувам оваа школа на секој еден човек кој планира да се бави не само со едрење туку и со било кој сегмент од наутиката која за хедонистите од средната и повисоката класа дефинитивно станува хоби број еден во целиот свет.
Со задоволство ја препорачувам оваа школа за секој што е заинтересиран да научи едрење. Инструкторот е максимално посветен со голем фокус на практично совладување на техниките, како и разбирање на концептите на едрењето во текот на целата школа. Квалитетот е на врвно ниво.