Станете лиценциран едриличар со OLS Yachting – овластена школа за едрење поддржана од ISSA (International Sailing Schools Association). Нашите обуки ги водат искусни инструктори и професионални скипери, во согласност со меѓународни стандарди.

Почетна возраст: 17 години
Локации: Охрид, Македонија и Волос, Грција
Јазик на обука: Македонски

🧭 Што ќе научите:

  • Основи на управување со едрилица на мотор и со едра

  • Подигнување и поставување на едра според правец на ветерот

  • Основни јазли, маневрирање и застанување во пристаниште

  • Сидрење, MOB (човек паднат во вода) процедури

  • Навигација и безбедносни правила на вода

  • Метеорологија и проценка на временски услови

  • Работа во екипаж и подготовки за вистински пловидби

📍 Програми на располагање:

  • 🛶 Yacht Crew Member (Охрид)
    Тродневна практична обука на Охридското Езеро – совршена за почетници.

  • ⛵ Inland Skipper / Day Skipper (Охрид)
    Шестдневна интензивна програма за самостојно управување со едрилица.

  • 🌊 Inshore Skipper (Волос, Грција)
    Обука на море со реални услови, навигација и VHF радио комуникација.

  • 🌌 Offshore Skipper / Yachtmaster Offshore (Волос, Грција)
    Напредна едреничарска обука ден и ноќ во офшор услови.

Сите обуки се одвиваат на опремени едрилици (27 до 43 feet) со услови за удобен престој, теоретска и практична настава на вода, и современа опрема за навигација и безбедност.

🪪 ISSA лиценцирање

На крајот од обуките, кандидатите можат да добијат ISSA лиценци, признати насекаде во светот. Издавањето лиценца не е задолжително.

📎 Членство во клубот

За учество е потребна годишна членарина во Јахтинг клуб OLS во износ од 1500 денари.

📥 Google Drive папка со повеќе информации за обуката:
Детални информации за обуките

📞 Контакт:
070 249 497 (Viber/WhatsApp)

 


📥 DOWNLOAD / РЕСУРСИ

Во оваа секција ќе најдете корисни материјали за подготовка и продлабочување на вашето знаење за пловидба: